Јанчев: Ја донирав градоначалничката плата и не користев службено возило, така и ќе продолжам

250
Ја донирав градоначалничката плата и не користев службено возило во изминатите четири години, а тие средства стигнуваа до социјално загрозените семејства, лица кои имаа потреба од лекување, талентирани ученици и студенти, истакна денеска на прес – конференција, Митко Јанчев, кандидат за градоначалник на Кавадарци, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

 
-Преку Фондацијата „Никола Јанчев”, два пати во годината се донираа средства таму каде што е најпотребно, рече Јанчев.
 
Тој најави дека во наредниот четиригодишен мандат, исто така, се откажува од градоначалничката плата и користење на службено возило. Тие средства, рече дека ќе бидат отстапени на оние кои имаат потреба од помош.