Јанчев на средба со ракометари на ГРК „Тиквеш 2014“ по влезот во Европски куп

51

Градоначалникот Митко Јанчев денеска имаше средба со раководството и ракометарите на ГРК „Тиквеш 2014“ Кавадарци, по влезот во Европскиот куп, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник.

– Јанчев им честита и го изрази неговото задоволство а и гордост, за влезот во Европските лиги, односно Европскиот Куп, бидејќи успеаја само од сериозен кандидат, да се пласираат директно во Европа. Ова е доказ дека Кавадарци е спортски град, овој клуб заслужува и сите настојувања ќе бидат и во иднина, да се натпреварува во највисоката ракометна лига како и Европските лиги, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Оттаму додадоа, дека тие му се заблагодариле за безрезервната поддршка што тој ја дава како човек и градоначалник, а и секако на локалната самоуправа, „која преку реализираните проекти во областа на спортот, значително ги подобри условите за младите и спортот во Кавадарци“.

– Во име на тоа, му ја подарија и ракометната топка, со која го одиграа последниот натпревар со РК „Вардар“ и освоија бод, со кој го остварија овој историски успех, нагласија од кабинетот на Јанчев.