Словенечкиот ракометен репрезентативец Блаж Јанц, го продолжи догворот со европскиот шампион Барселона. Тој беше обврзан со каталонскиот гигант до 2024 година, а сега потпиша нов договор на уште четири сезони.
Тоа значи дека Јанц ќе остане во „Блауграна“ најмалку до 2028 година. Барса претходно ги продолжи соработките со Де Варгас, Циндриќ, Мем, Н’гесан, Макуц…