Јанош ги инспирира учениците да цртаат зебра

54

Децата од градинката „Светот на Колорес“ го посетија живеалиштето на зебрата Јанош во ЗОО Скопје. Ова животно со црно-бели пруги по телото беше инспирација за нивните цртежи, кои со интерес ги цртаа.

Во активноста се вклучија и учениците од 3-3 одделение, водени од наставничките Александра Петровска и Виолета Вељаноска-Трајановска, од ООУ „Александар Македонски“ од Општина Аеродром и имаа воннаставна интерактивна активност на тема „Зебра“. На часот учествуваа 25 ученици кои, како воведен дел, прегледаа видеоклип од зебрата во ЗОО Скопје, а фотографиите со неа беа изложени на училишната табла. Во продолжение, следуваше разговор за зебрите, нивните карактеристики, начинот на живеење, размножување, начинот на исхрана.

ЗОО Скопје, во својата едукативна програма, постојано ќе ги одбележува деновите на дивите животни што ги има таму. Најдобрите избрани цртежи од секоја активност ќе бидат дел од големата изложба, која ќе ја организира во ЗОО Скопје на почетокот од летниот распуст.