Пилотот на Априлија, Италијанецот Андреа Јаноне, ќе паузира 18 месеци од Мото ГП шампионатот, откако беше позитивен на допинг тестирањето направено минатиот ноември.

Тој ќе мора долго време да отсуствува од трките иако несвесно ги користел стероидите кои му беа пронајдени во крвта, а тоа се докажа и по Б-тестот.

Јаноне јадел месо и тоа во големи количини, но без да знае дека тоа било контаминирано и дека во себе содржело стероиди.

Дисциплинската комисија го потврдила неговото тврдење, но не го ослободило од обвинувањата. Суспензијата му почна на 17 декември 2019 година, а ќе трае до 16 јуни 2021 година.