Јанева се појави во СЈО: Ни свесно ни несвесно не сум ја злоупотребила функцијата

87
фото: S. Плавевски
Повикот да се служи на државата и да се биде дел од професионален тим кој треба да го реши високиот криминал во државата е чест за мене, иако постојано бев мета на препукувањата меѓу партиите, рече Катица Јанева која го водеше СЈО, на денешната прес конференција, една недела откако поднесе оставка од функцијата прв човек во СЈО.
-Најодговорно тврдам дека ниту свесно ниту несвесно сум ја злоупотребила функцијата, порача таа.
На прес конференцијата во СЈО не беа дозволени новинарски прашања.