Јанева: Се надевам дека ќе ја забрзам истрагата

157

Јас сум сѐ уште специјален јавен обвинител. Моите обвинители работат и се надевам дека оваа есен ќе имаме разрешници на случаи, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева пред да даде исказ во Јавното обвинителство за организиран криминал.

Што се однесува до мојот денешен исказ се надевам дека со моите аргументи ќе ја забрзам истрагата, изјави Јанева. 

Јанева влезе на сослушување во ОЈО а пред зградата ја пречека и адвокат. Таа не одговори на ниту едно новинарско прашање и покрај инсистирањето на новинарите.