Јанева по четири дена во болница се враќа во затворската ќелија

70

По четири дена кои ги помина во болница откако не сечувствуваше добро, денеска Катица Јанева ќе се врати во затворската ќелија.

-Јанева е многу подобро и утре ќе замине од болницата. Таа ќе биде вратена во  затворската келија во Шутка а дали притворот ќе и биде продолжен ќе одлучуваат Апелација и Кривичен, пренесува Фактор.

Оваа недела треба да се одлучи и дали на Јанева ќе и биде прифатено барањето да се брани од слобода за што таа понуди гаранција од три стана.

Таа е третоосомничена за случајот Рекет.