Јанева: Не само Бојан Јовановски, и други го злоупотребиле моето име!

136

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, денеска се појави во просториите на СЈО.

Во изјава за медиумите Јанава истакна дека го охрабрува обвинителството да го расчисти случајот „Рекет“ до крај.

-Од моментот на мојот избор, бев цел на различни озборувања и инволвирање на политичките партии и нивните препукувања. Не се жалам, свесна бев дека секојдневно ќе бидам на напад. Тоа беше сериозна чест и одговорност. Дозволете да ви се извинам што оставив простор и не се појавив во јавноста. Не ми беше лесно да го следам јавниот линч.

Најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно не сум ја злоупотребила положбата која се уште ја извршувам.

Се познавм со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1 ТВ, но ова не значи дека некој требало да ме злоупотребува. Не само лицето Бојан Јовановски го злоупотребуваат моето име за различни цели сум слушала и за други, рече Јанева.