Јанева знае кај се парите, ама не знае кај е Камчев…

138

 -Повикана сум како сведок. Не знам дали обвинителката ќе реши да бидам и осомничена, тоа треба неа да ја прашате, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева по излегувањето од четиричасовниот распит од канцеларијата на Вилма Русковска од обвинителството за гонење на организиран криминал.

На прашањето дали знае кај завршиле парите, Јанева одговори да. „Ова е истрага и во истрага не се споделуваат информации. Ќе има најверојатно судење и таму ќе се кажат работите. Два мои телефони што сум ги користела се на анализа во обвинителство. Дали истрагата ќе се води и против мене – не знам, рече Јанева.

Не, не чувствувам вина. Не знам дали во случајот има инволвиран и политичар“, беа одговорите на бројните прашања на новинарите по излегувањето од распитот.