Јанакиески го прекина штрајкот со глад

99
Поранешнот министер Миле Јанакиески го прекинал штрајкот со глад во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Бидејќи тој неодамна заврши во болница, од медицинскиот тим бил советуван да го прекине шртрајкот со глад за да може да ја издржи терапијата која ја прима.

Неговите адвокати велат дека судија за извршување на санкции редовно прави посета во затворот и очекуваат обвинителството во наредниот период да донесе предлог за поблага мерка што би значело преместување на Јанакиески од затворски во куќен притвор.