Полни со хранливи материи кои ги штитат коските и го подобруваат целокупното здравје, сливите се можеби една од најважните намирници за здраво стареење. Иако содржат пристојна количина шеќер, сувите сливи се исто така преполни со влакна кои ја забавуваат апсорпцијата на шеќер во крвотокот.

Со други зборови, не треба да се грижите дали ова суво овошје ќе ви го подигне шеќерот во крвта, затоа што влакната го оневозможуваат тоа. Влакната, исто така, помагаат при запек и други нарушувања на дигестивниот систем, како што се хемороиди, кои се чести кај постарите лица.

Тие исто така ја зголемуваат количината на корисни бактерии во цревата, што може да придонесе за губење на тежината, а докажано е дека поттикнуваат ситост. Само половина шолја од ова овошје содржи 6 грама растителни влакна, што е прилично добра доза на оваа важна хранлива материја.Тие содржат и други основни хранливи материи како калиум (кој помага при варењето и го регулира крвниот притисок), како и витамини А, К, Б6, како и ниацин и железо.

Кога станува збор за здравјето на вашите мускули и коски, сувите сливи се одличен додаток во исхраната бидејќи содржат бор, минерал кој е од суштинско значење за коските и мускулите. Една студија открила дека консумирањето на сливи спречила губење на коските кај жените во постменопауза, состојба која и претходи на остеопорозата. Испитаниците јаделе само 6 сливи на ден.

Друга студија открила и дека конзумирањето на суви сливи ги намалува негативните ефекти на зрачењето на коскената маса, така што луѓето кои се на овој вид третман задолжително треба да ги додадат сувите сливи во својата исхрана.

Бидејќи тие се богати со железо, сливите се покажаа и како голем сојузник на убавината. Недостаток на железо, што е многу честа појава кај постарите жени, предизвикува оксидативно оштетување на кожата, што доведува до повеќе брчки, мали линии и генерално деградација на кожата. Ист е случајот со опаѓање на косата.

Треба само да јадете 5 сливи секој ден и многу брзо ќе забележите промени!