Јавниот обвинител на Венецуела потврди дека неговата канцеларија покренала истрага за лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо за наводно планирање преврат.

Тарек Сааб во низа твитови потврди дека Гуаидо, кој се обидува да го собори претседателот Николас Мадуро од минатата година, е под истрага заедно со генералот во оставка Кливер Алкала и другите заговорници.

„Според самиот Кливер Алкала, овој обид за пуч бил планиран во Колумбија со помош на американски советници и со украдени пари од државата Венецуела“ наведува Сааб на Твитер. Поранешниот генерал сега живее во Колумбија.

Во јануари 2019 година Гуаидо се прогласи за претседател и доби со меѓународна поддршка, но неговите напори за соборување на Мадуро не успеаја бидејќи клучни фигури во влијателната армија останаа лојални на претседателот.

Извор: МИА