Јавниот долг на Велика Британија достигна 98 проценти од БДП

133

Јавниот долг на Велика Британија во април скокнал на 98 проценти од бруто домашниот производ (БДП), на највисоко ниво од 1963 година.

Според Канцеларијата за буџетска одговорност (OBR), овој скок во најголем дел се должи на проценетиот силен пад на производството, кој го предизвика пандемијата од коронавирус, а не рекордното задолжување од минатиот месец.

„На овој претпоставен остар пад на номиналниот БДП повеќе придонесе растот на уделот на долгот во БДП отколку само зголемувањето на долгот во паричен износ“, соопшти OBR, по повод денешните официјални податоци за долгот.

Минатата недела, OBR прогнозираше дека британскиот буџетски дефицит ќе достигне 15 проценти од БДП во тековната финансиска година.

Канцеларијата за буџет истакна дека податоците за долгот во април се само прелиминарни со цел да се промени нејзината прогноза.