Американскиот актер, Џеси Тајлер Фергусон кој се прослави со улогата во серијата „Модерно семејство“, откри дека му бил дијагностициран рак и отворено прозборе за своето здравје.

Вчера 45-годишниот актер на Инстаграм откри дека дерматологот во текот на прегледот нашол и отстранил „малку рак на кожата“.

Фергусон ги убеди своите фанови дека сега се е во ред со неговото здравје бидејќи реагирал веднаш, а на пријателите им порача дека ова е потсетник за сите да одат на редовни прегледи на кожата.

Освен тоа, актерот на  своите фанови им порача дека секогаш треба да се грижат за заштита од сонцето.