Ѕвездата е родена: Македонецот од Охрид, Александар Јосифовски – вицешампион! Заврши суперфиналето на балканското шоу „Ѕвездите на Гранд“

15658

– Овој Македонец е таков пејач од кого боли глава! – беа првичните изјави на голем број гледачи кои го следеле финалето покрај телевизорот и преку социјалните мрежи, откако заврши Јосифовски со настапот. Тоа резултираше со огромен број гласови, кои не се само празна бројка туку му ветуваат и блескава пејачка кариера на охриѓанецот

(Дуле МИЌИЌ)

Македонските пејачи деновиве апсолутно владеат со некогашната југословенска естрада. Потврда за тоа се учесниците од нашата држава во големите балкански ТВ-спектакли, во финалните изданија на „Ѕвездите на Гранд“ и на „Никогаш не е доцна“. Вечерва од 21.00 се одржува суперфиналето на „Никогаш не е доцна“, додека, пак, синоќа во саботата вечер уживавме во гламурозната атмосфера на „Ѕвездите на Гранд“ и, секако, во брилијантните настапи на нашите претставници – скопјанката Андријана Петрушовска и охриѓанецот Александар Јосифовски. Перформансот на Петрушоска и овој пат пат беше исклучителен без разлика на тоа што таа не се пласираше меѓу првите осуммина. Андријана го осветли не само сопствениот образ туку и образот на нацијата. Покрај извонредната интерпретација, имаше и извонреден сценски настап.

Сепак, да бидеме искрени, целото внимание на Македонија беше свртено кон атрактивниот (рокер) Александар Јосифовски од едноставна причина што тој му беше најопасен конкурент за победа на фаворизираниот Нермин Ханџиќ од Босна, кој нешто подоцна навистина и победи. Саша Поповиќ не го криеше своето задоволство од двајцата финалисти, подеднакво добри, а потоа и транспарентно го објави гласањето на публиката: Нермин добил дури 128.456, а Александар 87.650 гласови. Ѓорѓе Давид, менторот на Јосифовски, исто така беше среќен поради освоеното второ место иако, рака на срце, ја очекуваше неговата победа, со причина.

Инаку, за Давид и Александар има интересна приказна која вели дека Давид го убедил да зема блокатори, да престане да пие и да се врати на прав пат, а Александар сериозно го прифатил ова придржувајќи се кон нивниот договор.
– Овој Македонец е таков пејач од кого боли глава! – беа првичните изјави на голем број гледачи кои го следеле финалето покрај телевизорот и преку социјалните мрежи, откако заврши Јосифовски со настапот. Тоа резултираше со огромен број гласови, кои не се само празна бројка туку му ветуваат и блескава пејачка кариера на охриѓанецот.
Без разлика на тоа што Јосифовски не победи, многумина од регионот го сметаат за морален победник. Барем имаше највпечатлив сценски настап со највпечатлив имиџ.

Разбирливо дека најсреќна беше мајка му, некогашната македонска фолк-пејачка – охриѓанката Елизабета Неданоска-Јосифовска, која специјално за финалниот настап на својот син дојде во Белград од далечната Австралија. Освен што одеа голем број комплименти на адреса на синот, и мама Бети ги воодушеви луѓето со својата харизма, својот секси изглед, но и вети дека, по ваквиот успех на Аце, размислува да ѝ се врати на естрадата.

Па, ако се склопат коцкичките, можно е ова лето, таму на почетокот од септември, да ја видиме во нејзиниот Охрид, на фолк-вечерта на фестивалот „Охридски трубадури 2022“, на кој има пеено пред дваесетина години. Во изјавата за весникот ВЕЧЕР, мама Бети срдечно вели дека „секогаш верувала во музичките квалитети на својот син и дека сега има само една свечена обврска: да му ја исполни желбата на синот, да почне повторно професионално и таа да се занимава со музика“. Зошто да не?!