Ѓурчиновски: Земјата би добила многу со враќање на служењето на војска

83
Началникот на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека земјата би добила многу со враќање на служењето на војска.

Тој смета дека служењето на 3 месеци војска би ги подготвило младите идни кадри.

„Би добиле оспособување на кадрите за било какви можни ангажирања во случај на пожар, поплави, земјотреси. Би ги подготвило за сите овие предмалку што ги споменав карактеристики, на почитување на хиерархии, субординација, едно старешинство, помлад постар, вештини кои сите вие повозрасните генерации сте ги стекнале додека служевте воен рок“, вели Ѓурчиновски.

Началникот вели дека тоа е местото каде нас сите различности ни се спојуваат.