Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ порача дека Црна Гора веќе го живее својот европски живот и „со оптимизам гледа кон својата европска иднина“.

– Ние одамна ја поминавме историската крстосница. Европеизацијата на црногоrското општество е наша клучна цел и постојана задача. Тој процес не завршува само со формално членство, истакна Ѓукановиќ синоќа во Цетиње на свечениот прием по повод прославата на црногорскиот Ден на државноста – 13 јули.

Тој нагласи дека „не треба да не обесхрабри компликувањето на процесите на европска и глобална сцена во исполнување на нашите цели, ниту, пак, некои скептични пораки кои деновиве пристигнуваат од важни европски адреси. Ние од Балканот мора да и покажаме на Европа дека политиката на проширување е нејзина најдобра политика“.