Ѓорѓиевски обезбеди празничен ручек за 250 социјално загрозени лица

40

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски донираше 350 хуманитарни оброци за социјално загрозените лица. На бездомници, на деца од улица, на лица во домовите, им беа доставени пакети со оброк кои, барем малку ќе им го разубават денешниот празничен ден.

Тој обезбеди донација и за лицата кои имаат потреба од помош од храна во народната кујна во Св. Спас во Драчево. Тука, заедно со нив и со отецот Оливер, се дружеа и заедно го изедоа празничниот ручек.

– Дарувањето на еден ваков голем и убав христијански празник ги потенцира човечките доблести – солидарноста, хуманоста и грижливоста. Да се дарува, значи искрено и од срце да се помогне онаму каде што е најпотребно. Токму затоа, денес обезбедивме 350 оброци за социјално загрозените од општина Кисела Вода. Се потрудив, на дел од нив, лично да ги доставам, со цел со овие лица малку да се подружиме и овој празничен ден да им го направам поисполнет и поразличен од другите – истакна Ѓорѓиевски.

Тој се заблагодари на општинската организација на Црвениот Крст, на Хуманитарни акции-Скопје, како и на отецот Оливер и хуманитарната организација Св. Спас, кои ни се силна поддршка во оваа хумана мисија.

– Токму во Св. Спас во Драчево, со празничен ручек заедно со сите лица кои ја посетуваат народната кујна, го заокруживме денешниот ден. На средбата, ги информирав и дека е во тек тендерската постапка со која ќе им обезбедиме огревно дрво, кое ќе им помогне полесно да ги пребродат студените денови и дека активно ќе работам да се подигне стандардот во општината за да го намалиме бројот на луѓе кои ќе зависат од нечија помош – нагласи Ѓорѓиевски.