Рок-пејачот Ѓорѓе Давид беше во самоизолација. Во меѓувреме тој направи тест за коронавирус.  По добиените резултати на својот инстаграм-профил откри дека е позитивен и им напиша порака на неговите следбеници.

– За жал востановено е дека имам ковид-19. Многу сум очаен. Вирусот ќе помине. Ова е пекол исто како да си во затвор или во војска. Ве молам да се чувате – напиша во описот на фотографијата.

 

Неодамна пејачот напиша дека првин имал воспаление на бели дробови, по што одлучил да направи тест. (М.А.)