Ѓорчев со предлог МАНУ и УКИМ да се вклучат во дебатата за Бугарија

54
Поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев смета дека треба да се оствари една широка дебата за спорот со Бугарија, во која би биле вклучени и други важни институции и личности од земјава. -Мораме да зборуваме отворено и искрено, смета Ѓорчев во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

-МАНУ и УКИМ треба да се вклучат и тоа треба да биде преку Собранието. Исто така треба и Сојузот на писатели, луѓе кои се битни чинители во македонското општество, наведува Ѓорчев, додавајќи дека нашиот Устав го дозволува.

 

Тој додаде дека ова треба да биде налик на ситуацијата во Бугарија, каде се развила широка општествена дебата со вклучување на интелектуалците, Академијата на науките и медиумите и се дефинирале црвените линии со Македонија.