Ѓорчев во Њујорк: Средби со Баросо, Азнар, Шмит и Китаровиќ

66

Членот на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев учествуваше на Конкордија самитот во Њујорк.

Во рамките на самитот Ѓорчев во Њујорк оствари повеќе билатерални средби, како со Жозе Мануел Баросо, поранешен премиер на Португалија и претседател на Европската комисија во два мандати (2004 – 2014).

На средбата со поранешниот премиер на Шпанија Хосе Марија Азнар стана збор за соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Партидо популар.  Азнар како премиер на Шпанија од 1996 до 2004 година беше голем пријател на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчев се сретна со Хеле Торнинг – Шмит, поранешна премиерка на Данска.

Таа сега е копретседател на надзорниот одбор на Фејсбук, како и член на бордот на Атлантскиот совет од Вашингтон и Советот за надворешни работи од Њујорк, а активно работи со Обединетите нации (ОН).

Но Самитот Ѓорчев имаше одличен разговор со Колинда Грабар Китаровиќ, екс претседателката на Хрватска. Ѓорчев ја информираше за состојбите во Македонија и се заблагодари на нејзиното пријателство кон Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ