Селекторот на женската кошаркарска репрезентација, Владимир Ѓоровиќ го објави поширокиот список за претстојниот квалификациски циклус, кој Македонија ќе го одигра на стартот од февруари.  На листата се најдоа 24 кошаркарки, но не сите ќе отпатуваат во Летонија каде ќе се игра последниот кошаркарски балон од овие квалификации за Европското првенство.

Список на повикани кошаркарки: Митрашиновиќ Анџелика, Стојановска Александра, Трајчевска Нена, Кметовска Ивана, Јоловиќ Драгана, Лазареска Софија, Пејковска Ивона, Адамовска Сања, Антиќ Јелена, Димова Цветанка, Стојановска Тања, Петрушевска Јована, Серафимоска Снежана, Поп Димитровска Катерина, Бонер Девана, Кожобашиовска Ивона, Николиќ Матеа, Лазареска Сандра, Секуловска Наталија, Костова Стефани, Атанасовска Матеа, Димитријевиќ Марија, Тасевска Елена, Модева Габриела.