Дома МАКЕДОНИЈА Ѓорге Иванов евакуиран во Австралија

Ѓорге Иванов евакуиран во Австралија

240

За време на посетата во Австралија на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, додека држеше говор на донаторската вечера организирана од страна на Македонска Добротворна Организација, се вклучиле алармите, објави порталот falanga.com.au. 

За време на неговото обраќање пред два дена, пред присутните во ,,Plenty ranges Arts and Convention Centre” се вклучиле безбедносните аларми, сите присутни од салата набргу биле евакуирани и пристигнале противпожарните екипи.

Сепак, се уште немало официјален одговор што точно се случило и зошто се вклучиле алармите.