Ѓоко Јовиќ – скараџија во обид !

154

Популарниот македонски фолк-пејач Ѓоко Јовиќ неодамна ни се пожали дека нема да прави класична промоција за медиумите на својата најнова песна бидејќи нема слободен вечерен термин, тогаш кога се прават промоциите. Постојано е зафатен со настапите. Па, така наместо да уживаме на промоцијата кај Ѓоко со по некое ладно пивце во овие жешки летни денови, ќе се тешиме со фотографијата на која пејачот се покажува по боксерките како одличен скараџија. Да се обложиме дека Ѓоко ни за жива глава не би ја сменил професијата. Не само што ја сака музиката најмногу на свет туку за да биде скараџија ќе му треба и обука, а и секојдневно трчање по свежо месо…. вака, најзгодно е распеано со микрофон во рака, наместо со зачадена скара, која само повремено се прави, се разбира кога добро ќе се огладни. Д.М.