Поранешниот четврти тенисер во светот Грег Руседски, верува дека светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, ќе остане забележан како најдобар тенисер во историјата.

Ѓоковиќ пред неколку дена ја освои 38. мастерс титула, па сега има две повеќе од Рафаел Надал.

-Новак ќе биде најголемиот тенисер во историјата, изјави 48-годишниот Руседски, кој беше вицешампион на САД Опен во 1997 година.

-Најмногу недели беше прв во светот, има подобар меѓусебен скор од Надал и Федерер. Може да ја заврши кариерата со 25 грен слем титули, додаде Руседски.

Ѓоковиќ моментално има 20 грен слем титули, исто како и Федерер, а Надал 21 титула од големите турнири. Ролан Гарос каде Новак ја брани титулата стартува на 22 мај.