Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, одлучи да настапи на мастерс турнирот во Индијан Велс. Оваа вест ја потврдија организаторите на турнирот. Се шпекулираше дека Ѓоковиќ нерма да игра на мастерс турнирот во САД, но ваквите информации на крајот се потврдија како неточни.

Србинот има можност да стане првиот тенисер кој титулата на овој турнир ќе ја осови шест пати. Турнирот се игра од 4 до 17 октомври. Ова ќе биде прв настап не најдобриот тенисер во светот, на еден турнир по поразот во финалето на САД Опен од Русинот Данил Медведев.