Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, најави дека покрај Австриецот Доминик Тим и Бугаринот Григор Димитров, на балкансакта турнеја т „Адрија Тур“, ќе учествува и Германецот Александар Зверев, но идека можност ќе добијата млади и лошо рангирани тенисери од регионот.

Првиот хуманитарен турнир ќе се одрживо Белград (13/14 јуни), а според сегашниот план потоа следат турнири во Задар (20/21 јуни), потоа Црна Гора (27/28 јуни) и во Бања Лука (3/4 јули) Се планиран а 5. јули во Сараево, Ѓоковиќ да одигра егзибиционен турнир со Дамир Џумхур.

-Искрено сум многу среќен што ќе играм пред домашната публика и што ќе патувам по регионт. Малку време имавме за организација на сето ова. Турнирите се од хуманитрен карактер, секој приход ќе оди во хуманитарни цели. Мојата Фондација ќе биде една од нив. Светските ѕвезди кои ќе дојдат на турнирите ќе можат да одберат каде ќе ги донираат парите, изјави Новак.

Србинот откри и дека на овие турнири не ги повикал Шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роже Федерер.

-Со нив комуницирав повеќе заради промената поради коронавирусот и во врска со полошорангираните тенисери. Федерер се уште има проблем со коленото, не го прашав, а Рафа скоро почна да тренира. Минатата недела зборувавме за САД Опен, но не го прашав. Не очекував дека ќе дојде и да го прашав, заврши Новак.