Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пред неколку дена беше главна ѕвезда на трибините во „Стејплс центарот“, на НБА-натпреварот меѓу ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс.

Неговото присуство привлече големо внимание кај сите во арената, па некои веднаш се пуштија во акција за да дојдат до некоја фотографија со Србинот, а богами и нему не му беше лошо.

Можеби некои фотографии ќе бидат веднаш избришани од спомените на Ѓоковиќ, но затоа онаа со Даниела Рајиќ, сигурно ќе остане во долго сеќавање.

Рајиќ, која е поранешна стриптизерка, е девојка на кошаркарот Пол Џорџ, а крајно возбудлив е нивниот почеток на врската. Во 2014 година Даниела ја роди ќерката Оливија, а во тоа време Пол Џорд не го признаваше своето дете, знаејќи за професијата на згодната девојка, која има српско потекло. По направената ДНК-анализа се покажа спротивното, па двајцата одлучија да ги повлечат тужбите и да се смират, а во 2017 година добија уште едно дете. Од тогаш нивната врска цвета.