Ѓоковиќ тотално збесна – го демолираше рекетот со нога/ВИДЕО

916

Тим Пуц и Кевин Кравиц ги победија Новак Ѓоковиќ и Никола Чачиќ со 7:6 (5), 3:6, 7:6 (5) и со тоа и донесоа победа на Германија од 2:1 во групната фаза од Дејвис купот.

Во финишот на третиот сет, најдобриот тенисер на светот целосно ги загуби нервите.

Ѓоковиќ направи цела серија грешки при резултат 5:5, кога Србија бркаше брејк со кој ќе беше на само еден гем до победа. Сепак Србија не успеа директно да се пласира во четвртфиналето, па сега зависи од останатите резултати.

Но, овој меч, покрај невидената драма, го одбележа и кршењето на рекетот од страна на најдобриот светски тенисер.

Тој беше толку бесен откако го загуби поенот, што прво со сета сила го фрли рекетот на теренот, а потоа дополнително со нога го скрши на парчиња.

Очекувано, судијата му изрече усна опомена.