Ѓоковиќ се мачеше два сета, а потоа го скрши Фокина

317
EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Новак Ѓоковиќ е во осминафиналето на Ролан Гарос. Во два сета кои траеја речиси три часа, Србинот одлично се пресмета со Давидович-Фокина, а потоа во третиот целосно го скрши со 7:6 (7:4), 7:6 (7:5), 6: 2.

Првиот сет траеше час и 24 минути. Фокина во два наврати имаше брејк предност – прво при 3:2, а потоа и 6:5 кога сервираше за сет. Но, во тие моменти Новак остана смирен. Нешто слично се случи и во вториот сет, Шпанецот дури имаше сет-поен при 6:5, но повторно Новак го одведе вториот сет во тај-брејк каде повторно беше подобар.

За време на паузата меѓу сетовите, Новак побара помош од физиотерапевт, на големо разочарување кај публиката. Тој иронично го крена прстот и ги поздрави присутните во Шатриер.

На теренот излезе како препороден и веднаш врза три гема. Тоа беше практично крајот на приказната. Мирно ја заврши работата и избори место меѓу најдобрите 16, каде го чека најдоброто од мечот Хуберт Хуркач – Хуан Пабло Вариљас.