Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, откри дека во 2010 година бил близу да ја заврши кариерата. На Србинот тешко му паднал поразот во четвртфиналето на Ролан Гарос од страна на Австриецот Јирген Мелцер. Тогаш Новак испушти два сета предност, што многу го погодило.

-Плачев сам во соблекувалната. Тоа беше многу негативен момент, сакав да го напуштам тенисот, бидејќи се гледав црно. Тогаш веќе имав еден трофеј од грен слем турнирите ( Австралија опен), бев трет тенисер во светот, но не бев среќен, изјави Ѓоковиќ и додаде:

-Знаев дека можам повеќе, но ги губев најважните натпревари против Надал и Федерер. Од тој момент се ослободив, го симнав притисокот и почнав агресивно да играм. Тоа беше клучната промена, заврши Србиинот, кој до денеска има освоено 17 грен слем титули.