Ѓоковиќ пет години чека на нова титулата во Лондон 

187

Светскиот тениски рекет број еден Србинот, Новак Ѓоковиќ, ќе се обиде да ја освои титулата на завршниот мастерс турнир во Лондон и со тоа на најдобар начин да ја заврши годината.

Со освојување на оваа титула тој би го прекинал постот кој на овој турнир трае од 2015 година. Ѓоковиќ на овој турнир ќе игра во групата „Токио 1970“ против Русинот Данил Медведев, Германецот Александар Зверев и Аргентинецот Диего Шварцман.

Во втората група „Лондон 2020“ ќе играат Шпанецот Рафаел Надал, Австриецот Доминик Тим, Гркот Стефанос Цицицпас и Русинот Андерј Рубљов.

Турнирот во Лондон почнува утре и ќе се игра во „О2 Арената“, а двајцата најдобри од двете групи ќе се пласираат во полуфиналето на турнирот. Титулата ја брани Гркот Стефанос Циципас, кој минатата година во финалето го победи Австриецот Доминик Тим.

Како што налагаат околностите поради пандемијата со коронавирусот, турнирот ќе се игра зад затворени врати, поточно без публика. Тенисерите времето ќе го поминуваат во „балон“. Секој што сака да влезе во „балонот“ ќе мора да се тестира на Ковид19. Тенисерите после тој тест нема да мора повторно да се тестираат, освен во случај да покажат симптоми на вирусот. Секој играч со себе ќе може да донесе тројца членови од тимот и никој нема да може да го напушти хотелот. Секој прекршок, автомацки значи дисквалификација од турнирот.

На турнирот нема да има и линиски судии, туку за сите одлуки ќе се користи „соколово око“. Ова е последен завршен турнир кој ќе се игра во Лондон, каде се одржува од 2009 година. Од наредната година турнирот се сели во Токио. Ѓоковиќ во претходните 11. финалиња во Лондон, пет пати ја осови титулата и тоа во низа од 2011 до 2015 година. Беше финалист во 2016 и 2018, но губеше од Енди Мареј и Александар Зверев. Доколку по шести пат победи на овој турнир, Новак ќе се изедначи со рекордот на Роже Федерер кој шет пати го подигнуваше пехарот во Лондон. Србинот моментно го дели второто место со Иван Лендл и Пит Сампрас. Од останатите учесници на турнирот во Лондон никој нема повеќе од една титула. Интерсно е Надал никогаш го нема освоено турнирот, тој губеше во финалето во 2010 и 2013 година.