Статистичарите се уште трагаат по рекордите на Новак, а по 18-та победа во исто толку натпревари со Гаел Монфис во Мадрид, откопаа интересен податок. Имено, речиси е можно да се формира фудбалски тим од активни играчи против кои Новак има скор „нула“, а имаат одиграно повеќе од пет натпревари.

Неславниот рекорд го држи споменатиот Французин Монфис, кој сите 18 пати ги загуби од најдобриот играч на светот. Зад него е сонародникот Џереми Чарди (14-0), а потоа следуваат Италијанецот Андреас Сепи и Канаѓанецот Милош Раониќ (12-0). Фабио Фоњини ги загуби сите осум пати, Јан Ленард-Штраф и Денис Шаповалов седум пати, а Диего Шварцман, Алберт Рамос-Вињолас и Бернард Томиќ шест пати.

Навистина импресивен скор на Новак, кој има вкупен резултат 96:0 против овие десет играчи. Секако, има и многу други играчи (Каспер Руд, Феликс Огер Алијасим…) кои одиграа многу помалку натпревари против Новак, а исто така никогаш не ја почувствуваа сласта на победата.

Србинот, кој ја осови титулата на мастерс турнирот во Рим, ја стартуваше 370. Недела на врвот на АТП . Српскиот ас е се поблиску до апсолутниот рекорд кој го држи легендарната германска тенисерка Штефи Граф. Таа 377 недели мина на првото место како најдобра во женска конкуренција.

Тоа значи дека Новак би можел да го израмни нејзиниот рекорд на 4 јули, но ќе има исклучително тешка задача бидејќи ги брани титулите освоени лани на Ролан Гарос и Вимблдон.

По дополнителните 400 бодови што ги освои со триумфот во Рим, Ѓоковиќ сега има 680 бодови повеќе од второпласираниот Данило Медведев (7.980). На третото место и натаму е Александар Зверев од Германија (7.200 бодови), а на четвртото се случи една важна промена. Стефанос Циципас го прескокна Рафаел Надал, кој на Ролан Гарос ќе допатува како петти тенисер во светот.