Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на АТП турнирот во Токио, Тој во финалето за нешто повеќе од еден час го победи Австралиецот Џон Милман со 6:3, 6:2.

Србинот беше голем фаворит уште на стартот на турнирот, па на крајот ја оправда улогата и лесно стигна до својата 76. АТП титула. Ова за него беше прв трофеј уште од Вимблдон, а турнирот во Токио од серијата 500, се играше и за награден фонд од 1.895.290 долари.

Австралијанецот немаше ниту една брејк шанса и тоа доволно зборува за доминацијата на Ѓоковиќ во финалето на турнирот во Токио.