Поранешниот српски Тенисер Јанко Типсаревиќ, многу добро го познава светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ и затоа ја искористи можноста да го пофали, поточно да ја пофали неговата скромност и покрај тоа што се наоѓа на врвот на листата на најдобри тенисери во светот.

Типсаревиќ вели дека тој не се променил ни малку и покрај тоа што заработил многу пари и постигнал големи успеси. Своевремено осмиот играч во светот откри и дека славата воопшто не го променила Ѓоковиќ и дека него материјалните работи не го интересираат.

Ноле е неверојатно скромен и надвор од теренот. Никогаш не сретнав некого кој толку малку внимание обраќа на материјалните работи. Кога создавате големо богатство, до кое стигна Новак, луѓето мислат дека се менувате. Но, Новак не е таков. Од мометот кога го запознав до сега, не се промени ни за влакно, објасни Типсаревиќ.

Јанко додаде и дека светскиот тениски рекет број еден е човек кој сака да помогне, особено на блиските околу него.

-Ѓоковиќ е човек со големо срце кој се обидува да им помогне на сите, а особено на Србите и неговите соиграчи, заврши поранешниот српски тенисер.