Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, носител на 20 грен слем титули, ја потврди информацијата на „Марка“, која се појави претходно, дека ќе игра на Мастерсот во Париз во затворен простор, кој започнува на 2 ноември.

– Време е за сезоната во затворено… оваа фотографија е од тренинг на Академијата Рафа Надал порано денес… И да, се подготвувам за Париз / Берси, напиша Надал на Твитер, објавувајќи фотографија од неговата активност.

Претходно овој месец, 34-годишниот Шпанец го изедначи рекордот на Швајцарецот Роже Федерер од 20 гренд слем титули, победувајќи по 13. пат на Ролан Гарос.

Од друга страна пак, свескиот рекет беој еден Србинот Новак Ѓоковиќ, потврди дека нема да ја брани титулата во Париз. Тој го оправда ова со тоа што нема да се бришат поените. Негов нареден настап ќе биде на турнирот во Виена.