Иако звучи неверојатно во овој момент, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, размислува да го промени репрезентативниот дрес. Оваа вест ја пренесоа скоро сите српски медиуми и тоа повикувајки се на изјавата на поранешниот тенисер од Монако, Бењамин Балерт.

Тој изјави дека Новак му признал дека би сакал да игра за Монако.

-Новак лично ми рече дека би сакал да се придружи на нашата Дејвис куп репрезентација. Тој го сака Монако, сака да и помогне на државата и тој тука е секогаш добордојден, изајви Балерт за весникот „Л’Екип“.

-Ѓоковиќ многу го сака Монте Карло и тука поминува многу време. Ни помогна на нас и кога ги реновиравме терените, додаде тенисерот од Монако.

Српскиот тенисер веќе 13 години и постојан престој во Монако. Без оглед на тоа, се смета дека промената на репрезентацијата е неизводлива.

Светскиот тениски рекет број еден со репрезентацијата на Србија го освои Дејвис Купот пред десет години, а годинава се закити со трофејот во новоформираното репрезентативно натпреварување АТП Куп.