Најдобриот тенисер во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, изминатите недела дена мака мачи со австралиските власти кои се уште размислуваат дали да го пртврорат пред почетокот на Австралија опен, а воедно и неговите колеги му свртеа грб.

Меѓу оние кои имаа што да кажат за ситуацијата во Мелбурн е Андреј Рубљев (24), тенисер од самиот врв на АТП кој веќе зборуваше за вакцините и вакцинацијата.

Рускиот тенисер тогаш не беше премногу заинтересиран за таа тема, но реши да ја прими вакцината за да учествува на првиот Грен слем сезонава. После тоа откри дека Австралија опен ќе се игра без Новак Ѓоковиќ, што на крајот се воспостави дека е во право.

Подоцна и самиот Рублев имаше проблеми со коронавирусот, бидејќи по Мубадал опен беше позитивен. Поради тој тест го пропушти АТП купот каде Русија не ја одбрани титулата, но лесно стигна до Мелбурн.

  • Немав ни најмала тешкотија да влезам во Австралија, бидејќи бев вакциниран. Ситуацијата со Новак е многу збунувачка и не ги знаеме сите детали. Од една страна го имаме федералниот закон на земјата, од друга личен договор меѓу Ѓоковиќ и организаторот на турнирот, тоа не му дава право да влезе во Австралија, изјави Русинот.

Петтиот тенисер во светот е во втората половина од ждрепката и против Новак, доколку го пуштат да настапи, би можел да игра само во финалето, но за тенисот деновиве премалку се зборува. Нешто друго е во центарот на вниманието…

-Законите се закони. Никој од нас не е среќен што се наоѓа во ваква ситуација, можам само да кревам раменици. Жал ми е што за овие работи се зборува наместо за тенис, заклучи Рубљев.