Каква е иднината на тенисот и дали некој од новата генерација ќе може да го држи вниманието на навивачите како што тоа го прават денешните ѕвезди. Тешко е даека некои од нив ќе успее да ги достигне успесите на Србинот Новак Ѓоковиќ, Швајцарецот Роже Федерер и Шпанецот Рафаел Надал.

Токму за ова зборуваше и поранешниот светски тениски рекет број еден Енди Мареј , кој по операцијата на колкот не се откажува да се врати во врвот на белиот спорт.
-Има неколку играчи кои можат да претендираат на врвот. Ќе видиме во наредните пет или десет години. Но,. Мислам дека никој од нив нема да може да освои 20. грен слем титули како што тоа го направија овие три чудовишта, со насмевка изјави Мареј.

Негов фаворит за лидерското место на АТП листата е Русинот Данил Медеведев, кој го победи Ѓоковиќ во финалето на САД Опен годинава.

-Медеведев го освои САД Опен и имаше добри резултати на тврда подлога
пред тоа. Неговата игра е покомлпетна од онаа на останатите, но земјената подлога е проблем. Циципас не е лош, но има тука уште неколку тенисери. На трева уште потешко,особено ако топчињата се бавни. Тоа е подлога за специјалисти, а такви нема многу. Дури и Данил и Стефанос се мачеана трева, вели Мареј.

Мареј на турнирот во Виена успеа да оствари победа над тенисер од Топ 10 оваа сезона.Тој го совлада Хуберт Хуркач, што ја покажува неговата голема желба во борба за враќање во врвот.

-Дали жалам што сум роден во исто време како Роже, Рафа и Новак? Прашањето е многу тешко. Од една страна жалам, бидејќи сметам дека можам да освојам повеќе трофеи доколку тие не беа тука и да сум барем пет шетс години помлад од нив. Ќе имав повеќе шанси. Од друга страна имав можност да играм со најдобрите на сите времиња и да ги предизвикам нан најголемите турнири. Играв против Рафа на Рлан Гарос, противРоже на Вимблдо, против Ѓоковиќ на Австралија опен и тоа во завршницата на турнирите. Некои од тие мечеви ги добив, некои ги загубив, чувствувам дека имав можност да играм со најдобрите, бидејќи летвичката е подигната на највисоко ниво, изјави Мареј.