epa10312699 Novak Djokovic of Serbia in action against Daniil Medvedev of Russia during their group match at the Nitto ATP Finals 2022 tennis tournament at the Pala Alpitour arena in Turin, Italy, 18 November 2022. EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Поранешниот светски тениски рекет број еден Швеѓанецот Матс Виландер, беше специјален гостин на „Дирија купот“ во Саудиска Арабија. На турнирот на кој трофејот му припадна на Американецот Тејлор Фриц, Виландер зборуваше и за претстојната сезона и фаворитите на првиот грен слем турнир – Австралија опен.

Швеѓанецот уште еднаш ја истакна важноста од враќањето на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во Австралија, поточно на турнирот кој го осовјуваше девет пати во совјата кариера.

„Го гледам Новак како главен фаворит, пред Медведев, кој дава се од себе на тврди подлоги и Надал, кој го брани трофејот. Единственото нешто што може да му попречи на Новак е тоа што тој ја има оваа силна желба да се докаже на сите. поради се што му се случи во јануари во Австралија. Тој турнир е негов втор дом“, вели Матс.

Интересно е што според него, првиот играч во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, не е во првите три фаворити.

„Замислете под кој притисок се наоѓа тоа 19-годишно момче, успеа да дојде до првото место пред луѓето кои имаат освоено повеќе од 20 грен слемови. Тој е феномен кој може да има проблем да потврди, особено на почеток на сезоната“, смета Виландер.

Што се однесува до тенисерките, поранешниот број еден како изразит фаворит ја издвојува најдобрата во светот Ига Швионтек.

„По сето она што го прикажа во 2022 година, Швионтек е над сите други. Мислам дека ВТА турнејата го плаќа еснафот на Ешли Барти. многу е силна, добра е, прави се како што треба, но не може да возбуди како што возбуди Австралиецот“, заклучи Виландер.