Реномираниот шпански весник „Марка“ објави интересен текст за најдобриот тенисер во светот Србинот Новак Ѓоковиќ. Авторот на текстот наведе дека Србинот е тенискиот Робин Худ.

  • Ѓоковиќ има константна желба да им помага на другите, се вели во текстот на „Марка“

На српскиот тенисер беше идејата да им се помогне на послабо рангираните тенисери во екот на пандемијата со коронавирусот, а секој од нив ќе добие  најмалку 8.000 евра од фондот за помош.

Новак веќе четири години е претседател на Организацијата на играчите и константно се залага за помош на сите тенисери, а неодамна предложи и да се зголеми наградниот фонд на грен-слем турнирите.