Ѓоковиќ е подобар тенисер од Роже и Рафа

87

Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, е подобар од Шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роже Федерер,  кога сите тројца играат на највисоко ниво, тврди францускиот тениски стручњак Патрик Муратоглу.

Српскиот тенисер пред неколку дена го доби маратонот од пет сета против Федерер, во едно од највозбудливите финалиња во историјата на Вимблдон, а претходно оваа година славеше и над Надал во финалето на Австралија Опен.

-Кога тројцата играат во својата најдобра форма, Ноле има предност пред Рафа и Роже. Тој се појави во моментите кога Федерер и Надал доминираа, успеа да го грабни врвот и сè уште е на тоа место. Кога ситуацијата е тесна Ѓоковиќ е подобар од останатите. Многумина нема да се сложат со мојата теза, но тоа е мое мислење, вели Французинот.

Ѓоковиќ веќе 260 недели е на првото место на АТП листат, а рекордер е Федерер со 310 недели на врвот на листата на најдобри тенисери во светот.