Тренерот на американската тенисерка Серена Вилијамс, Патрик Миратоглу, нема никаква дилема за тоа кој е најдобриот играч на сите времиња. Францускиот стручњак, кој му помага на СТефанос Циципас, го гледаше натпреварот против Новак Ѓоковиќ од ложата на Гркот и имаше што да види.

-За време на сите овие години видовме неверојатно издание на Федерер, Надал и Ѓоковиќ. Меѓутоа за мене е се јасно. Кога Ѓоковиќ е во форма, најтешко е да се победи, без разлика на подлогата. Новак е најдобар од нив тројца, тоа секогаш го зборував, истакна Миратоглу.

Србинот сега има само една грен слем титула помалку од Надал и Федерер. Меѓутоа во сите други сегменти е подобар од големите ривали. Во меѓусебниот скор со Надал води 30:28, а против Федерер 27:23.