Аргентинскиот тенисер Диего Шварцман смета дека Новак Ѓоковиќ е поемотивен на теренот за разлика од Шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роже Федерер. Според него токму ова е причината зошто луѓето помалку го сакаат во однос на неговите најгоеми ривали.

-Освен што се одлични играчи, Роже и Рафа одлично се однесуваат на теренот. Делуваат скоро неверојатно, бидејќи за 20 години на тернот имало многу малку ситуации кога биле нервозни. Ѓоковиќ има поинаков карактер, тој е некако почовечки на тереноти повеќе ја покажува својата емоција, а тоа не им се допаѓа многу на навивачите, изјави Шварцман кој во кариерата има осовено три титули.