Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ и Романката Симона Халеп, триумфираа на мастерс тенискиот турнир во Рим. Но за разлика од минатата година, оваа наградниот фонд  беше намален поради коронавирусот. Победникот во машка конкуренцијата инкасира 205.200 евра, додека најдобрата меѓу тенисерките освои десет евра помалку (205.190 евра.)

Токму овие десет евра помалку беа причина за бурни реакции во јавноста, особено кај оние кои постојано се борат за идентични награди на двата пола. Ова е усвоено на грен слем турнирите, но не и на останатите турнири.

Затоа беа упатени многу критики на сметка на организаторите на турнирот во Рим. Тие се обвинуваат за дискриминација и покрај тоа што разликата беше речиси незабележителна, но доволна за реакција на социјалните мрежи.

На полуфиналистите во машка конкуренција, организаторите во Рим им исплатија по 100.000 евра, додека во женска полуфиналситките зедоа по 80.000 евра. Поразените во финалето во обете конкуренции мораа да се задоволат со по 150.000 евра.