Тиражниот германски весник „Билд“ објави дека светскиот тениски рекет број еден Србинот, Новак Ѓоковиќ, го прекинал тренингот по само половина час откако неговиот фитнес тренер Марко Паничи, му покажал нешто на мобилниот телефон.

Тренингот на Ѓоковиќ на терените во Мелбурн требаше да трае час и половина подолго. Се уште не е познато каква порака добил најдобриот тенисер на светот. Ги спакувал рекетите, опремата и го напуштил теренот.

Подоцна беше избришано и неговоти име од листата за тренинзи. Ѓоковиќ требаше да тренира во Род Лејвер Арената од 14:30 часот, со дозвола на новинарите да бидат на неговиот тренинг во првите 15 минути.

Австралиските медиуми посочуваат дека министерот за миграција Алекс Хок, наскоро треба да одлучи дали ќе му ја укине визата на Ѓоковиќ, поточно да одлучи за негова евентуална депортација.

Доколку Ѓоковиќ остане во Австралија на тамошниот грен слем во првото коло ќе игра против сонародникот Миомир Кецмановиќ. Турнирот започнува во понеделник, а Новак е деветкратен победник и бранител на титулата во Мелбурн.