Светскиот тениски рекет број еден Србинот, Новак Ѓоковиќ го доживеа најголемиот срам во својата кариера. Тој на АТП турнирот во Виена загуби од Италијанецот Лоренцо Сонего, освојувајки само три гема 6:2, 6:1.

Ѓоковиќ го претрпе првиот пораз од тенисер послабо рангиран од 40. позиција на АТП од јуни 2018 година, кога во четвртфиналето на Ролан Гарос загуби од Италијанец, Марко Чекинато кој во тој период беше дури 72. играч во светот.

Но и покрај поразот Ѓоковиќ со пласманот во четвртфиналето го обезбеди првото место на АТП листата на крајот на сезоната.