EPA-EFE/ANDY RAIN

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, откри дека изминатите неколку дена имал проблем со зглобот на десната рака и дека тоа влијаело на неговата игра при поразот од Феликс Огер-Алиас со 6:3, 7:6, на Лејвер купот во Лондон

-Во изминатите четири-пет дена се мачам со зглобот на десната рака. Го држам под контрола, но двата меча претходно веројатно имаа влијание. Денеска не беше лесно – не можев да сервирам толку брзо и прецизно како што би сакал, а тоа влијаеше на остатокот од натпреварот. Дел од тоа е затоа што немам играно скоро три месеци, а тука топките се големи и бавни. Зглобот мора многу да се користи, можеби затоа малку ме болеше, но делумно и поради двата меча што ги одиграв вчера. Можеби се почувствува и недостатокот на натпревари. Се надевам дека ќе се среди со мојот прв натпревар во Израел. Не е истиот зглоб со кој имав проблем пред неколку години, за време на Олимпијадата во Рио, изјави

На прашањето каков потенцијално би бил Роже Федерер како тренер, Новак одговара:

-Уникатно искуство е некој да ти дава совети на секоја смена, а тој да ти биде најголем ривал. Интересно е да се види како тие ја доживуваат и гледаат играта, какви совети даваат, сосема поинакво искуство во споредба со она што вообичаено го имаме на турнирите. Кога станува збор за Федерер, тој може да понуди многу, се разбира, тоа е логично. Има толку многу корисни и вредни информации за споделување – ако се посветит на тоа. Секогаш кажува колку време му било потребно за да ја усоврши играта за да изгледа дека лесно ги прави работите. Мора да го прашате дали би сакал, заврши Новак, на кого најголема цел до крајот на сезоната му е да обезбеди место на завршниот мастерс турнир во Торино.

Нареден турнир на кој ќе настапи Србинот е во Тел Авив, а отоа ќе настапи на мастерсот во Париз, а се надева дека ќе успее да визира и за Торино.