Ѓоковиќ: Бирав помеѓу тенис и скијање

68

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ собра сили за извонреден камбек во текот на ланската сезона и сега повторно се наоѓа на врвот на АТП листата. Србинот воедно е и најсериозен ривал на Роже Федерер кога станува збор за рекордот на освоени гран слем титули, а Ѓоковиќ во интервју за магазинот „Спортска Економија“ откри и интересен детал од детството, кога всушност решил со кој спорт ќе се занимава.

  • Најважна одлука во кариерата дефинитивно ми е онаа кога решив сериозно да тренирам тенис. Бев со семејството во станот на Лабудово брдо, каде живеевме во тој период, и разговаравме за моите соништа. Морав да одлучам, на едната страна беше тенисот, што го сакав и го играв, а на другата скијањето, мојата најголема љубов и страст. Не ми беше лесно да се одлучам бидејќи бев многу добар и во двата спорта. Да не бев тенисер сигурно ќе бев скијач, но од сегашна перспектива дефинитивно ја донесов вистинската одлука, открива Новак Ѓоковиќ.